Неверојатни фотки од светлината која ја рефлектираат растенијата

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 08.02.2017 - 21:41

Растенијата од фотографиите на Крег Бороус изгледаат како нешто што е набрано од друга планета, со своите богати бои. Но, сѐ на неговите фотографии е вистинско!

Станува збор за мал трик од природата - сите растенија рефлектираат светлина. Па така, лисјата рефлектираат зелена, цвеќињата црвена или жолта или каква и да е друга боја...

Но, растенијата исто така имаат способност да апсорбираат ултравиолетова светлина, со што емитираат подолги бранови должини од што е возможно да се види со човековото око.

"Растенијата буквално светат", објаснува Бороус за својот магичен проект.

За да се "фати" тој сјај, потребно е да се користи фотографија која ја прикажува ултравиолетовата светлина, а тоа е нешто што фотографот го сфатил пред три години.

Оттогаш, Бороус работи на својот проект, а ние за среќа имаме можност да ги видиме неговите волшебни фотографии.