Неверојатната 10-годишна трансформација на пар се прошири како витус

Неверојатната 10-годишна трансформација на пар се прошири како витус

Венди Џозеф и нејзиниот вереник Ден Хенеси од Њу Џерси, неодамна ја прославиле својата десетгодишна врска, а по тој повод Венди објавила нивна фотографија на Instagram.

Поради драстичната трансформација, фотографијата набрзо станала вирален хит.

Неверојатната трансформација на парот кој пред 10 години изгледал срамежливо, а денес впечатливо, собрала повеќе од 60 илјади лајкови со заклучок на следбениците дека овој пар воопшто не старее.

„Разлика од 10 години! Погледнете лево – 2007 година, десно е 2017 година. Некогаш го криев своето лице со рамната коса, а Ден се бричеше секоја недела. Сега објавуваме фотографии во костими за капење од различни земји”- напишала Венди.

„Од која фонтана пиете вода? Дали сте откриле некој таен препарат за вечна младост?”, се само дел од коментарите на Instagram.

Венди и Ден се фитнес тренери во Сан Диего и се целосно посветени на здравиот начин на живот.