Необично пријателство (видео)

[22.02.2012 - 00:05 часот]

Овој папагал неочекувано се здоби со нов четириножен пријател откако го нахрани со кучешки кнедли од кујнскиот шанк.

Необичните пријатели имаа момент како од познатиот анимиран филм "Lady and the Tramp" кога кокату папагалот се наведна накај устата на неговиот крзнен пријател за да сподели со него една сламка од шпагети.

На видеото кое веќе се здоби со 150,000 гледачи јасно се забележува како кучето трпеливо го чека неговиот пријател - папагалот, додека тој ја собира храната од шанкот.

Во еден момент, папагалот дури ги потопува кнедлите во соодветниот сос во близина и потоа му ги дава на кучето, како тоа да е негово сопствено дете.

Видеото именувано "Bird Feeds Dog Noodles" беше објавено на ЈуТјуб на 8-ми декември и оттогаш стана вистинска интернет сензација - погледнете зошто!

[назад]
Радио МОФ