Нема повеќе фотошоп, целулитот и стриите веќе никој не ги крие

Нема повеќе фотошоп, целулитот и стриите веќе никој не ги крие

Од раководството на модната компанија Missguided, ветија дека повеќе нема да ги фотошопираат фотографиите од нивните модели. Тие се само уште еден во низа брендови кои се одлучија за овој брилијантен потег и всушност добија уште поголема симпатија кај луѓето.

Како што вети, тие веќе нема да го намалуваат струкот на моделот, ниту ќе ги зголемат или намалат градите – сè ќе остане токму како што изгледа и природно.

“Многу е освежувачки да гледам вистински, ненаметливи фотографии од женските модели, Браво, Missguided! Многу сум горда на пораката што ја испраќате”, беше само една од серијата позитивни коментари на Твитер.

JUST LANDED: velvet lingerie ✨✨✨ Green or pink? Comment below 👇 #missguidedlingerie #missguided

A post shared by MISSGUIDED (@missguided) on