Нема инвалиди за љубовта[21.02.2012 - 16:00 часот]
|
Ник Вујичиќ, проповедникот и мотивационен говорник кој го обиколи светот со својот неверојатен оптимизам и покрај болеста која го остави без раце и нозе, се ожени минатата недела со својата девојка.
Парот го минува својот меден месец на Хаваите, каде Вујичиќ без проблеми плива, сурфа и го користи секој момент за да ја фотографира својата сопруга Кана Мијахара.

За потсетување, Ник Вујичиќ, австралијанецот со српски корени е роден без рака и нога поради редок синдром.
Како дете пател од депресија, но како стареел така почнал да ја прифаќа својата инвалидност.
Набрзо станува проповедник во локалната црква, по што започнува неговата светска кариера како успешен говорник и мотиватор ширум светот.



| [назад] |















