Нема да го бутнат цел интернет[19.02.2012 - 23:03 часот]
|
Ако се исплашивте дека набрзо ќе нема како да ги завршувате дел од обврските, да го пополнувате вашето слободно време или да комуницирате со вашите пријатели на некој друг крај од светот, односно ако бевте загрижени за иднината на интернетот, изгледа дека не постојат причини за грижи затоа што најновите информации велат дека сепак интернетот ќе продолжи да постои.
Експертите за безбедност сметаат дека хакерската група, која што се претставува под името "Anonymus", не може туку така да ја исклучи целата интернет мрежа, а и самите хакери признаваат дека таквиот зафат е тешко изводлив.

Хакерското друштво ги демантираше најавите дека со хакерски напад набрзо ќе се исклучи интернетот, пишува "Ib Times".
Во последните неколку денови низ медиумите се прошири и информацијата за операцијата "Global Blackout", чија цел е рушење на 13 мега сервери низ кои поминува целокупниот интернет сообраќај.
Се започна со анонимната порака која до детали објаснува како споменатата хакерска група ќе ги уништи серверите. Исто така, во планот пишува дека нападот нема навистина да го сруши интернетот, туку само ќе го оневозможи пристапот до голем дел интернет страни.
Експертите за сигурност сметаат дека хакерската група која што се претставува под името "Anonymus" не може туку така да ја исклучи целата интернет мрежа, а и самите хакери признаваат дека таквиот зафат е тешко изводлив.
| [назад] |















