Неколку совети за како да го забрзате вашиот метаболизам

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 15.11.2016 - 02:07

Работата на вашиот метаболизам може да се подобри со неколку едноставни мали промени кои можете да почнете да ги практикувате, а еве што ве советуваат експертите.

Заборавете на диетите

"Не држете диети и немојте да ги броите калориите", советува нутриционистката д-р Мерилин Глевнил. "Во спротивно, вашето тело постојано ќе мисли дека сте гладни, а тоа ќе го доживее како стрес и ќе почне да ги складира мастите".

Јадете малку, но почесто

Ако почесто јадете помали оброци, нивото на шеќерот во крвта и нивото на енергија ќе бидат постабилни, па нема да имате "ненадејни" напади на глад. Најдобро е да јадете мал оброк на секои три часа, што значи дека оптимално е да консумирате појадок, ручек и вечера, со две ужинки меѓу нив.

Навечер избегнувајте јаглехидрати

Со тоа ќе спречите да дојде до неподнослива желба за благо. Кога не внесувате јаглехидрати навечер, не доаѓа до нагло опаѓање на нивото на шеќер во крвта, па вашето тело нема да бара брз начин да го надополни.

Појадокот нека ви биде задолжителен

Никако немојте да го прескокнувате првиот и најважен оброк во денот, а тоа е појадокот. Во спротивно, вашето тело веднаш ќе регистрира глад и ќе ги складира мастите во организмот, создавајќи резерва.

Намалете го внесувањето на преработени шеќери

Избегнувајте ги намирниците кои брзо ќе ви го подигнат нивото на шеќер во крвта, бидејќи кога ќе се зголеми нивото на шеќер, панкреасот мора да произведува повеќе инсулин. Инсулинот е хормон кој ги складира мастите во телото, па така кога е постабилно нивото на шеќер во крвта, толку се помали шансите за таложење на сало.

Јадете добри масти

Со оглед на тоа дека мастите се прогласени како најголеми виновници за вишокот килограми, луѓето несвесно ги избегнуваат сите видови на масти, вклучувајќи ги и оние добрите кои го забрзуваат метаболизмот. Таквие масти се наоѓаат во рибите, оревите и разните мешункасти растенија.

Вежбајте

"Развиените мускули се метаболички поактивни", вели нутриционистката Шона Вилкинсон. "Тоа значи дека бараат повеќе гориво во облик на калории за да се одржуваат, дури и кога мирувате. Па така, колку повеќе ги развивате вашите мускули, толку повеќе тие ги користат калориите, што значи дека ги губите вишокот на килограми".