Не пријавувајте во полиција![03.02.2012 - 11:40 часот]
|
Овие неверојатни улични скулптури на луѓе заглавени во некои од најбескомпромисните позиции изгледаат толку реално што многу загрижени пешаци ги преплавија линиите на болниците и полицијата за да ги пријават "повредените" личности.
Но, овие навидум повредени луѓе всушност се дело на иновативниот американски уметник Марк Џенкинс (41 година) кој патува низ светот и ги поставува своите необични современи дела во зафатените урбани области.

Џенкинс работел како саксофонист и веб дизајнер пред да се префрли на уличната уметност, а неговата цел е да ги намами луѓето да го тргнат погледот од нивните мобилни телефони барем за момент и да се загледаат во светот кој ги опкружува.
Уметникот ја започнал својата кариера во Рио Де Жанеиро кога решил да постави човечка фигура во една депонија за да ја подигне свесноста за децата кои живеат на улиците.
"Сакам да ги натерам луѓето да се заинтересираат за нивната околина, да размислат што е реално, а што не. Во денешно време луѓето се толку "закопани" во своите мобилни телефони и само сакав да ги предизвикам да погледнат наоколу", изјавил Џенкинс.
Хуманиот уметник дополнил дека на почетокот неговата уметност му служела за да собира социјални податоци за реакциите на луѓето, но сега, шест години подоцна, неговите дела се повеќе поетични и зборуваат за "зграбувањето" на магичниот момент на животот околу нас.











| [назад] |















