Научниците конечно открија зошто мора да спиеме

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 09.02.2017 - 15:56

Иако сите луѓе на оваа планета секојдневно спијат по неколку часови во текот на ноќта, па дури и преку денот, сепак научниците досега сепак не ја знаеја во целост причината за нашата потреба да спиеме.

Сега, според новата студија објавена во "Science", научниците велат дека спиењето им дава можност на нашите мозоци да се "рестартираат", односно да ги обноват конекциите меѓу мемориите кои се испраќаат меѓу невроните.

Во часовите кога сме будни, синапсите растат за да овозможат повеќе информации да бидат собрани преку нашите дневни активности кои потоа се испраќаат низ мозокот. За време на сонот, синапсите кај глувците кои биле тестирани во просек се намалувале за 18%.

Тоа значи дека без спиење, мозокот би бил преплавен со информации од надворшеноста и од сеќавањата, со што би се намалила неговата можност за нормално функционирање.

"За време на сонот, ние сме многу помалку преокупирани со надворешниот свет, па нашите мозоци можат едноставно да ги прегледаат нашите синапси и да ги ренормализираат на паметен начин", вели коавторката на студијата, д-р Кјара Сирели.