Наташа Беквалац – Сакам да родам второ дете

Наташа Беквалац – Сакам да родам второ дете

Поп пејачката Наташа Беквалац веќе 4 месеци е во емотивна врска со бизнисменот Лука Лазукиќ со кој од неодамна започна заеднички живот, а сега кројат озбилни планови за во иднина.

Таа одговори на прашањето на новинарите, па призна дека и се вратила желбата да роди второ дете откако е во врска со Лука.

Сакам, секако дека сакам, призна пејачката и додаде дека не би родила само на својата ќерка Хана да и подари братче или сестриче, туку од други причини.

Секако дека би сакала да имам дете, но не за на Хана да и подарам брат или сестра, туку поради фактот дека децата ги сметам за круна на љубовта. Мора љубовта да ме инспирира за да се остварам како мајка и по втор пат – објасни таа