Наскоро најмалиот Андроид телефон на светот

Додека Apple наоѓа нови начини за револуција во индустријата на паметни телефони, една друга компанија се обидува да нè врати во поедноставно, помирно и поевтино време.

FutureModel планира да лансира уред наречен NichePhone-S на крајот од месецот кој работи на Andorid оперативниот систем, но не може да направи ништо друго освен повици, SMS и стриминг на музата. Слична е по големина и форма на кредитна картичка и изгледа како мал калкулатор.

Телефонот ќе се појави на пазарот на 10 ноември во Јапонија и ќе чини 95 долари. Работи на Andorid 4.2, и екранот изгледа исто како и екранот на калкулаторот.

Погледнете најпрактичниот и најевтиниот телефон во светот.