Наскоро користење на Андроид апликациите без нивно превземање

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 07.05.2017 - 10:12

Минатата година Google најави нова опција за мобилните телефони со оперативниот систем Android кој наскоро ќе биде достапен на сите.


Станува збор за опцијата Instant Apps која овозможува користење на апликациите без да има потреба за нивно симнување на мобилните уреди.

Оваа опција веќе е достапна на одредени уреди како Google Pixel, а корисниците можат да ја активираат преку Google settings.

Опцијата Instant Apps ќе донесе големи промени кај корисниците кои имаат ограничен интернет, како и за уредите кои имаат мала меморија.