Наоми Кемпбел откри дека и таа била жртва на обид за грабеж во Париз!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 06.01.2017 - 10:37

Речиси три месеци откако се случи спектакуларниот грабеж на Ким Кардашијан во Париз, манекенката Наоми Кемпбел откри нови, пострашни информации!

Наоми вчера беше гостинка во шоуто на Венди Вилијамс, каде што откри дека и таа била жртва на обид за грабеж во Градот на Светлината, но и дека не е единствената!

Обидот за грабеж се случил во 2012 година, кога Наоми слетала во Париз со намера да го посети својот долгогодишен пријател, фамозниот дизајнер Азедин Алаја. Уште на аеродромот Наоми забележала дека нешто не е во ред - возачот на лимузината не бил истиот што ја пречекувал секогаш, и целиот пат возел со отворени прозорци иако надвор било многу студено. Кога стигнале пред резиденцијата на Алаја, неколку мажи се приближиле до автомобилот, ја отвориле вратата, впериле пиштол во Наоми и ѝ се заканиле дека ќе ја убијат ако не им ја предаде торбата што ја носи.

За среќа, обезбедувањето на Алаја интервенирало и Наоми била спасена. "Знам дека и возачот беше соучесник. Ова е организирана група што работи со години. Сочуствувам со Ким (Кардашијан) и се нервирам кога ја обвинуваат дека го измислила грабежот. Апсолутно е вистински, ми се случи и на мене, а и на уште на неколку познати личности чии имиња не можам да ги обелоденам", изјави Наоми.

Језиво! :)