Наоми Кемпбел и нејзината мајка во најдобро издание досега!

Наоми Кемпбел и нејзината мајка во најдобро издание досега!

На доделувањето на  “British Fashion Awards” легендарната манекенка Наоми Кемпбел и нејзината мајка Валери Морис-Кемпбел ги воодушевија сите присутни со нивниот изглед.

Убавиците од 47 и 65 години покажале дека вешто му пркосат на времето. Валери на Инстаграм објавила фотографија со ќерка ѝ, под која напишала дека се гордее со нејзиниот успех. Мајката на планетарно познатата манекенка им честитала на сите оние кои освоиле награди на престижниот британски моден настан.

Мајката и ќерката кои изгледаат како две сестри заблескале на црвениот тепих во Лондон.

Наоми, музата на многу модни дизајнери, докажа дека ги има добрите гени на својата мајка. Покрај стотина убавици кои ја преплавија модната индустрија во последните неколку години, “Црната пантерка” и понатаму останува ненадминлива.Нејзината мајка Валери била танчерка и манекенка. Таткото на Наоми ја напуштил Валери во четвртиот месец од бременоста, со што таа морала сама да ја одгледува својата ќерка. Манекенката се родила во Лондон, но израснала во Рим.

wishing you all a lovely day! lots of love x V #throwbackthursday #photoshoot #germany #fashion #instadaily

A post shared by Valerie Morris-Campbell (@valeriemorriscampbell) on