Најважната особина која луѓето ја бараат кај партнерот

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 14.12.2016 - 16:43

Што мислите, која е најважната особина која луѓето ја бараат кај партнерот? Смислата за хумор? Сексуалната привлечност? Заедничките интереси?

Според најновото истражување, ништо од горенаведеното! Ова истражување опфати 400 илјади сингл луѓе, а откри дека 82 проценти од жените и 70 проценти од мажите ја сметаат љубезноста за најважната особина кога се работи за долгорочен однос со некого!

Оваа особина ги надмина и категориите како сексот или парите, а експертите истакнуваат дека иако љубезноста не е секси особина, од исклучително значење е за долгорочното здравје и среќа во љубовниот однос.

Препознавањето и почитувањето на партнеровата љубезност према другите во неговиот/нејзиниот живот е токму она што прави да се чуствуваме сигурно и дека можже да му/ѝ веруваме.

Ова не значи дека никогаш нема да постојат караници, но ќе можете повеќе да му верувате на партнерот дека во дадена ситуација нема да користи "удари под појасот" или ќе рече работи од кои тешко ќе се опоравите.

Затоа, внимавајте како се однесувате со блиските секој ден и секој момент - љубезноста ништо не чини, а за некого значи се'! :)