Најоткачениот хотел на светот

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 20.03.2017 - 12:10

Еден белгиски ентузијаст го направи еден од најчудните и најубавите хотели, каде што може да ја поминете ноќта во внатрешноста на Тројански коњ или дури да спиете со сирена.

"La Balade Des Gnomes", во близина на живописниот град Дурбуј, Белгија, им нуди на своите гости уникатно искуство каде што ќе може да се препуштат на светот на фантазијата.

Одморалиштето од бајките е составено од уникатни соби кои изгледаат како да се дел од некој вселенски брод слетан на Месечината, како и ентериери поради кои ќе помислите дека се наоѓате во живеалиштето на некој трол, комплетирано со извори на вода и златни рипки.

Но, како тоа да не било доволно, па така, може дури и да споделите соба со сирена која плови на јахта во базен.

Сопственикот Доминик Ноел бил инспириран од целиот свет и решил да го создаде магичниот хотел, а најпрво, истиот бил наменет за да го дополни ресторанот на сопственикот, "La Gargouille", кој е сместен веднаш до хотелот.

Господинот Ноел наплаќа од 60 до 140 евра на вечер за собите за кои што тој верува дека ги возбудуваат гостите и им нудат уникатно искуство и преноќување.