Најдолгиот мост во светот од 55 км ќе биде во употреба до крај на 2017та година!

Најдолгиот мост во светот од 55 км ќе биде во употреба до крај на 2017та година!

После седум години, најдолгиот поморски мост на светот кој се протега на цели 55 километри меѓу Хонг Конг, Макао и градот Џухаи во континентална Кина, ќе биде отворен до крајот на годинава.

За неговата изградба се вложени 13 милијарди долари а ќе го скрати времетраењето на патувањето од 3 часа на 30 минути. Интересно е и тоа што на него ќе бидат поставени и дури 550 станици за полнење на електричните возила, сместени на вештачки остров. Неговата конструкција е тешка 420.000 тони, а при изградбата Кинезите наидоа на бројни проблеми. За жал, изградбата на овој мост со својот живот ја платија седуммина работници, а 129 беа повредени.