Најдобриот гејмерски телефон, Razer Phone!

Најдобриот гејмерски телефон, Razer Phone!

Американската компанија Razer го претстави својот прв паметен телефон Razer Phone кој што е креиран првенствено за гејмерите кои што бараат врвни спецификации и моќ на телефонот.

Телефонот е базиран на технологијата на Nextbit, компанија која што Razer ја купи во јануари оваа година. Од Razer долго време најавуваа дека ќе произведат паметен телефон кој ќе биде наменет исклучиво за гејмерите.

Овој телефон има 5,7-инчен екран со брзина на „освежување“ од 120 Hz и резолуција од одлични 2,560х1,440 пиксели. Razer Phone располага со голема чувствителност и прецизност на екранот, а на секоја команда одговара експресно брзо. Покрај огромниот екран, една од главните карактеристики кај овој телефон се стерео звучниците.

Кога сме кај тоа што е сместено „под хабуата“, Razer Phone може да се пофали со Snapdragon 835 процесор, дури 8 GB RAM меморија и 64 GB интерна меморија која што може да се прошири до 2 TB со microSD мемориска картичка.

Razer Phone на задната страна има две камери, една од 12 мегапиксели и другата од 13 мегапиксели. Секако, камерите се опремени со LED блиц и имаат автофокус. На предната страна Razer Phone има камера од 8 мегапиксели.

Razer Phone ќе биде пуштен во продажба кон крајот на ноември и ќе се продава по цена од 699 долари.