
Најдобра светска дестинација...[27.01.2012 - 11:15 часот]
|
Кејптаун, бисерот на Африка, се искачи на првото место, оставајќи ги зад себе светските атракции како што се Сиднеј, Мачу Пичу, Париз и Рио Де Жанеиро, додека Соединетите Американски Држави се територијата на која што се наоѓаат седумтте најдобри светски плажи.
Според мислењето на повеќе од милион читатели на интернет порталот за патување "TripAdvisor", Кејптаун во Јужноафриканската Република е најдобрата дестинација во светот, ресортот "The Phoenix Resort" во Белизеј е најдобар хотел, а Соединетите Американски Држави "се дом" на седум од 25 најдобри плажи на светот.

Со освојувањето на првото место, бисерот на Африка ги остави зад себе светските атракции како што се Сиднеј, Мачу Пичу, Париз и Рио Де Жанеиро.
Според мислењето на посетителите наградата "2012 Traveler's Choice Awards" сосема заслужено му припаднала на Кејптаун, град кој што има да понуди необични нешта за секој посетител.

"Кејптаун сјае на југот од африканскиот континент, а планината Тејбл и островот Робен се неговите најсјајни дијаманти", пишува еден посетител.
Наградите се доделуваат во 25 категории, вклучувајќи ги и наградите за најдобар семеен одмор, најдобра дестинација за храна и вино, најтренди, најефтин и најлуксузен хотел.
Повеќе од 4,000 хотели ја заслужуваат оваа награда, а Белизеј е дом на два од трите најдобри хотели на светот.
Најдобра дестинација за уживање во виното и храната се Њу Орлеанс и Напа во САД, Фиренца и Париз во Европа, Банкок и Хонг Конг во Азија, а Буенос Аирес и Чујо во Јужна Америка.
За оние кои што сакаат да имаат убав семеен одмор, најдобри градови во Европа се Фиренца и Единбург, а Вилиамсбург и Вирџинија Бич во САД.
Најефтините хотели во Европа се наоѓаат во Виетнам, Велика Британија, Грција и Словенија.

| [назад] |















