Надал загуби од 18 годишно момче!

Надал загуби од 18 годишно момче!

Денис Шаповлов 18 годишно момче со пресврт го победи фаворитот Рафаел Надал на турнирот во Монтреал.


Рафаел Надал можеше да се врати на првото место на АТП листата доколку стигнеше до полуфинале на мастерсот во Монтреал, но неочекувано се сопна во третото коло каде за противник го имаше 143. носител, Денис Шаповалов.Надал го доби првиот сет со 6-3, но во продолжение следуваше мало опуштање, па 18 годишниот се врати во игра и вториот сет го доби со 4-6.Во третиот сет, Шаповалов славеше во тајбрејк со 7-6 за голема сензација.

По крајот на натпреварот, Рафаел Надал рече: „Ова е најлошиот пораз оваа година. Изгубив од противник со далеку послаб ранкинг во ситуација кога можев да се вратам на првото место на АТП“.

Сепак Шпанецот ќе може повторно да се врати на врвот за прв пат по 2014 на турнирот во Синсинати, доколку го победи Роџер Федерер, кој исто така се бори за позицијата број 1.