Надал со победа над Марин Чилиќ!

Надал со победа над Марин Чилиќ!

Рафаел Надал ќе игра за неверојатна седма титула во 2017 година, откако во полуфиналето на Мастерсот во Шангај со 7:5/7:6(3) го победи Хрватот Марин Чилиќ.

Негов противник во финалето ќе биде или вечниот ривал Роџер Федерер или аргентинскиот ас, Хуан Мартин дел Потро, кој со повреда на зглобот влегува во второто полуфинале.

Мечот започна со тесни поени, откако првите три гема траеја дури 25 минути, а Чилиќ спаси шест брејк топки. Чилиќ имаше сет-поен, пред Надал да ја искористи слабоста во неговата игра и му направи брејк за да го освои сетот со 7:5. Надал поведе со 3:1 во вториот сет, но Чилиќ се врати на 4:4, пред Надал да пропушти прва меч-топка, и мечот да замине во тај-брејк. На крајот по 2 часа и 10 минути игра, Надал ја забележа петтата победа во шестиот дуел со поранешниот шампион од САД опен.

За Чилиќ утеха е тоа што и покрај поразот од понеделник ќе биде на четвртото место на АТП-листата, негов најдобар пласман во кариерата.