Надал отпадна Милер петти сет славеше над Шпанецот

Надал отпадна Милер петти сет славеше над Шпанецот

Големиот Рафаел Надал е првото големо име кое доживеа елиминација на Вимблдон од Жил Милер која вчера во маратонски меч со 3-2 во сетови победи.

Натпреварот траеше скоро пет часа, а Жил Милер го победи Рафа Надал по епски петти сет кој заврши 15-13 во корист на тенисерот од Луксембург.

До пред денешниот меч, Рафа Надал 10 дуели не знаеше за загубен сет, но Жил Милер одлично започна, поведе со 2-0 и најави голема сензација.

Потоа следуваше одговорот на Шпанецот, Рафа Надал имаше голем кам-бек и изедначи на 2-2.

Во решавачкиот петти сет долго време се играше гејм за гејм, Надал пропушти неколку брејк топки, а на спротивнтата страна Милер пак пропушти неколку меч топки.

При резултат 14-13, Милер конечно успеа да ги искористи грешките на пртовникот, да направи брејк и да слави над големиот фаворит.