На Светското првенство во 2026 година ќе има 48 земји учеснички

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 10.01.2017 - 21:19

ФИФА денес донесе одлука од Светското првенство во фудбал кое ќе се одржи во 2026 година да играат дури 48 репрезентации.

Со едногласна одлука на сите 211 членки, во Цирих беше усвоен предлогот за проширување на Мундијалот од 32 на 48 екипи. Во новоизбраниот формат, 48 репрезентации ќе бидат распоредени во 16 групи со по три екипи.

Понатаму, по две најдобри екипи од секоја група ќе се пласираат во нокаут фазата на натпреварувањето, каде ќе се најдат вкупно 32 екипи.

Вкупниот број на натпревари со ова ќе се зголеми од сегашните 64 на 80, но како и досега за титулата ќе треба да се одиграат седум натпревари.

Најголем заговорник за овој модел беше претседателот на ФИФА, Џијани Инфантино, а ако се земе во предвид проценката дека фудбалскиот сојуз на овој начин ќе заработи дополнителни една милијарда евра повеќе, јасно е и зошто е тоа така.

Оваа одлука ќе стане официјална на гласањето на следниот конгрес на ФИФА. Инаку, наредното светско превенство ќе се одржи во Руија во 2018 година, а после тоа и во Катар во 2022 година, каде по стариот модел ќе играат 32 екипи.