На позирање со гепард (фото)

[20.02.2012 - 16:17 часот]

Преубавата русинка Ирина Шаек која неодамна сними нов едиторијал за Sports Illustrated, а пред објективот мораше да застане покрај гепард, истакна дека тоа и било најстрашното искуство во животот.

Славната манекенка го сними едиторијалот во Замбија во Јужна Африка, каде уредникот сакал да ја прикаже не само убавицата во бикини, туку на читателите да им ја приближи и убавината на Африка.

"Кога луѓето ги гледаат фотографиите со гепардот сигурно помислуваат дека станува збор за фотографии доработени во Фотошоп. Но, верувајте, за фотографиите на Sports Illustrated никогаш не се практикува Фотошоп", изјави Шаек за Russia Today.

Преубавата девојка на славниот фудбалер Кристијано Роналдо за новиот едиторијал позираше пред фотографот Дерек Катела.

[назад]
Радио МОФ