На Кендис не и треба фотошоп

[30.01.2012 - 20:51 часот]

Изминатата година имаше проблеми со недостаток на килограми, но изгледа дека Кендис Сванепоел ги послушала советите од најблиските, бидејќи на најновото снимање изгледа подобро од било кога.

Јужноафриканската манекенка заводливо позираше на плажата Св. Бартс на снимањето за новата колекција на костими за капење. Во таа прилика, Кендис Сванепоел (23) ја покажа својата совршена линија.

Таа смени неколку костими за капење од познатиот бренд "Victoria's Secret". Лежеше на плажа и уживаше во брановите кои ја плискаа.

Кендис на фотографиите делува здраво и среќно и нема никакви траги од недостатокот на килограми од минатата година.

"Патувам наоколу како луда. Послаба сум бидејќи многу работам", тврдеше Кендис минатата година, но сепак изгледа дека ги послушала советите од своите најблиски и заврши со фазата на слабост.

[назад]
Радио МОФ