Must have – хулахопки со дезен!

Must have – хулахопки со дезен!

Она што е моментално модерно и урбано се дезенираните хулахопки кој го освоија светот, а дезенот може да биде различен, додека изборот на каков тип на дезен ќе носите е во зависност од вашата пригода.

Доколку сте смели девојки, изберете хулахопки со апликации, интересни дезени и со впечатливи бои. Хулахопките со точки ќе ја збогатат вашата комбинација, а за вечерните часови и за забавите, одлучете се за ситна или крупна мрежа.

Сè зависи од вашиот карактер и како сакате да се претставите како личност, затоа што секогаш првиот впечаток е важен во секој дел од денот.

„Дезенираните хулахопки од моменталните catwalk трендови ја пратат сезонската приказна и го надополнуваат целосниот стајлинг на секоја жена. Оваа сезона ќе биде актуелна геометријата со контрасни бои и нагласени форми како и конкретни приказни кои во комбинација со едноставен фустан или здолниште изгледаат шик и современо“ советува Ивана Кнез, моден дизајнер.

Најважно од сè, за време на зимскиот период дезенираните хулахопки се моден детал, но и најдобар пријател на жените кои сакаат да се чувствуваат удобно, комфорно и топло.