“Must have” оваа есен – француска баретка

“Must have” оваа есен – француска баретка

Францускиот симбол за екстраваргантен шик изглед повторно се враќа на модната сцена, а сигурно дека и вие нема да можете да му одолеете.

Иако само што ја пречекавме есента, овој моден детаљ ќе биде “must have” за оваа сезона. Станува збор за популарните француски капи, односно прочуените беретки. Улиците на модните метрополи веќе се преплавени со овој тренд, а ни славните ѕвезди очигледно неможеле да им одолеат.

Шанел, Диор и Гучи веќе ги вклучиле и во своите нови колекции, а се очекува истото да го направат и другите модни куќи низ светот.

Меѓу модните кругови на луѓе најпопуларни се кожните модели, меѓутоа ќе се носат и класичните волнени беретки. Она што ги прави овие капи специфични е всушност тоа што добро им стојат на сите и со себе носат голема доза на префинет француски изглед. Овој тренд е дефинитвно еден од оние кој не би сакале да го пропуштите оваа сезона.