Мурињо му го подари медалот на малото момче: Замислете како ми е кога губам

За некои со фантастичен гест за некои со арогантен гест, ја напушти арената „Филип Втори“ подарувајќи го својот освоен медал на едно младо момче на трибините.

Португалецот со голема доза на сарказам говореше за медалот кој му го подари на младото момче, потенцирајќи дека истиот не му значи ништо, особено кога губи натпревари.

– Понекогаш го подарувам медалот и кога победувам. За тоа дете, ова ќе биде нешто неверојатно, остварување на сонот. Мене не ми значат ни кога победувам, а замислете како ми е кога губам, – со насмевка и сарказам истакна Мурињо.