Мрежасти чорапи кои ќе ве остават без здив

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 16.05.2017 - 13:08

Дека во модата не постојат граници уште еднаш тоа го докажа трендот кој за кратко време стана вистински хит меѓу девојките.

Лирика Матоши од Њујорк е уметник кој ги создава овие необични модни парчиња. Таа користи мрежасти чорапи како основа, а на нив додава светкави камења и вештачко цвеќе, за да го направи секое парче единсвено. Секое парче е уникатно и рачно работено, а мораме да признаеме и дека цената е прилично висока. Одредени креации чинат и преку 250 долари.