Може да се купи „нов“ EVO IX

Може да се купи „нов“ EVO IX

Љубителите на автомобили, бар добар дел од нив, го сметаат за многу тажен ден кога Mitsubishi објави дека се откажува од легендарниот Lancer Evolution. Затоа и звучи просто невозможно ако имате доволно пари можете да го купите новиот EVO IX.

Сепак, 12 години од излегувањето на чуената „деветка“ во прилика сте преку сајтот eBay набавите MR примерок кој има неполни 15км, односно девет миљи.

Станува збор за примерок кој пред 11 години стигнал во салонот во Калифорнија „South Coast Mitsubishi“ и кој од тогаш никогаш не е возен.

Нормално ова задоволство чини, а понудата на аукцискиот сајт веќе надмина 100 илјади долари.