Мората одбил 150 милиони евра од Кинезите!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 10.05.2017 - 10:18

Шпанска„Марка“ излезе со информација дека Алваро Мората добил понуда од Кина во вредност од околу 150 милиони евра за петгодишна верност односно по 30 милиони евра по сезона, но дека без размислување ја одбил.


Причината е многу јасна. Неговите погледи се кон Европа и неговата желба да стане еден од најдобрите напаѓачи во Европа. Мората кој има 24 години е на добар пат да го исполни тоа зошто оваа сезона иако е втор напаѓач успеа да запише 20 постигнати голови позади неговото име. Најавите се дека следна дестинација му е Челси поради добрите односи со Конте, но тоа ќе се знае по завршувањето на сезоната и започнувањето во летниот преоден рок