Модната комбинација на Кендал Џенер која го сруши интернетот!

Модната комбинација на Кендал Џенер која го сруши интернетот!

Во градот кој никогаш не спие – Њујорк, официјално започна модната недела, а февруари секоја година е резервиран за големите модни настани.

Токму затоа и не нè чуди фактот што бројните славни дами, посебно манекенките, ги окупираа улиците на градот, а помеѓу нив се најде и 22-годишната манекенка Кендал Џенер која ќе ја гледаме на пистите на сите важни ревии.

Иако е успешна во нејзината кариера, кога е во прашање личната мода, убавата бринета неизмерно се труди да биде поинаква и да се истакнува од останатите, но тоа често завршува со модна катастрофа.

Така било и вчера кога таа се појавила во мини здолниште и бунда кои ги искомбинирала со зелени хулапопки, а неколку часа претходно, Кендал била забележана во црни тренерки кои ги носела во комбинација со бели папучи на потпетица.

За време на шопингот, Џенер се појавила во кадифени панталони и беж јакна – комбинација која изгледа како работничка униформа и иако многу девојки ова не би го носеле ниту во обични денови, Кендал ги носела токму на њујоршката модна недела.