Модерна вила сокриена во шумата во Квебек

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 14.02.2017 - 20:53

Опкружена со шума, вода и бескрајниот мир во Вал-дес-Монтс, во Квебек Канада, оваа викендичка која ѕирка од работ на карпите е како излезена од бајките.

Вилата е дело на "Chritopher Simmonds Arhitect", а опишана е како канадско прибежиште за фамилијарен одмор.

Внатрешноста изобилува со многу природна светлина, природни материјали и паметно дизајнирани архитектонски решенија.

Целосниот дизајн е во духот на минимализмот, а иако наизглед е модерна, оваа куќа совршено се вклопува со природната околина покрај езерото во Квебек.

Сигурни сме дека и вие би сакале ваква викендичка на Маврово или Попова Шапка, зар не? :)