Моделот S P100D на Tesla со рекордно забрзување до "стотка"

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 09.02.2017 - 16:10

Автономниот електричен автомобил на Tesla, Model S P100D, постигна нов рекорд во забрзување до 100 километри на час.

Имено, во последниот тест кој беше спроведен од страна на "Motor Trend", бил користен специфичниот "Easter Egg" Ludicrous пакет, а забрзувањето до 100km/h било постигнато за вртоглави 2,28 секунди.

Според пишувањето на "Motor Trend" ова е првиот комерцијален патнички автомобил кој достигнал забрзување до "стотка" за помалку од 2,3 секунди. Со тоа Tesla постигна подобро забрзување од Porsche 911 Turbo S и Ferrari La Ferrari.

Последната софтверска надоградба е извршена во декември 2016 година, а пред тоа Model S P100D можеше да постигне забрзување од 0 до 100km/h за 2,34 секунди, што значи дека резултатите ги надминаа и очекувањата на челниците на компанијата.

Tesla Model S P100D со пакетот Ludicrous чини 126.000 евра. Само за споредба, Porsche 911 Turbo S чини 176.000 евра, додека Ferrari La Ferrari чини 1,6 милиони евра.