Многу секс... на работа!

[27.01.2012 - 12:20 часот]

Изгледа дека се поголем е бројот на оние кои едноставно не можат да се посветат единствено на работните обврски кога се онаму каде што истите треба да ги извршуваат, односно на работното место.

Според најновите податоци, се поголем е бројот на вработени кои што освен за работење, работнотo време го користат за флертување, а некои и за сексуални односи.

Околу 7% од вработените редовно флертуваат на работа, а 11% имале и секс на работното место, а повеќето од нив како омилено место за оваа "работна (не)обврска" го наведуваат бирото или собата за состаноци.

Речиси 11% од вработените признаваат дека имале секс на работното место, открива студијата на британската компанија "Maris Interiors", а пренесува "The Huffington Post".

Секој десетти вработен се впуштил во сексуални односи на работното место, а речиси 7% од нив секојдневно флертуваат со своите колеги.

Речиси половина од мажите сакаат секс на работното место, а истото го посакуваат 27% од жените.

Од оние кои признале, 37% сакаат да имаат секс на бирото, додека 14% ја преферираат собата за состаноци. Околу 12% сакаат да го "посетуваат" паркингот, 8% тоалетот, а за 5% најголемо уживање претставува сексот на бирото на шефот.

Во 94% од случаите сексуалните односи настанувале по завршувањето на работното време.

"За оние 11% од луѓето кои имаат секс на работното место, имам само еден совет, а тоа е да внимаваат да не ги откријат.

Пред да се впуштите во такво нешто имајте на ум дека го прекршувате договорот и дека ја доведувате компанијата во непријатна положба", вели Клар Валкер од Одделот за човечки ресурси во компанијата "Maris Interiors".

[назад]
Радио МОФ