Mitsubishi Evo – автомобил на иднината!

Mitsubishi Evo – автомобил на иднината!

Концептот наречен e-Evolution има футуристички изглед кој што најавува во која насока ќе се движи дизајнот на автомобилите на Mitsubishi во годините кои што доаѓаат.

Овој стилски пристап секако ќе предизвика бројни коментари и нема да задоволи сечиј вкус, посебно нема да го задоволи вкусот на „конзервативните“ и љубителите на оригиналниот Mitsubishi Evo.

Концептот e-Evolution како погон користи 3 електромотори. Еден ја испраќа енергијата на предната осовина, додека преостанатите два им даваат сила на задните тркала, што значи дека возилото ќе има погон на четири тркала.

Од Mitsubishi соопштија дека автомобилот е опремен со „напредна технологија со вештачка интелигенција“ која што ќе користи камери и сензори на автомобилот со кои што ќе му помогне на возачот полесно да се снајде во сообраќајот.

Премиерата на концептот e-Evolution е закажана на 25-ти октомври на саемот за автомобили во Токио.