Мислете позитивно

[28.01.2012 - 10:48 часот]

На нашата енергија директно влијаат мислите кои ги развиваме, зборовите кои ги изговараме и делата кои ги чиниме. Тие мисли, зборови и дела ги создаваат чувствата и токму тие чувства стануваат валута со која ги купуваме нашите животни искуства, објаснува Лујза Хеј која е еден од светските основачи на теоријата за самопомош.

Во нејзината книга "И вие можете да имате совршен живот", Хеј тврди дека личниот развој е возможен само ако на животот се гледа како на училница во која ги користиме искуствата како катализатори за промена и запознавање на самите себе си.

Животот е училница

Хеј потенцира колку е важно да се слушаат другите и објаснува дека тоа правило и помогнало да не се изгуби во личната визија и сопствената брканица на успехот.

"Ние сме моќни и креативни суштества и ја одредуваме својата иднина со секоја мисла која ја помислуваме и секој збор што го изговараме. Кога развиваме позитивни мисли, добро се чувствуваме. Кога се чувствуваме добро, донесуваме добри одлуки.

Кога донесуваме добри одлуки, привлекуваме добри искуства во животот. Навистина е толку едноставно, толку лесно и толку вистинито", тврди оптимистичната Лујза Хеј.

Стоп за црните мисли

Она што го испуштаме во светот околу нас има големо влијание врз она што го примаме. Ако делите негативни мисли, нема да може да привлечете позитивност.

Сами го креираме нашиот живот

Кога имаме чувство дека сме заглавиле во слепа уличка, токму тогаш мораме да го преземеме воланот во  нашите раце и да преовладаме со нашето сопствено размислување.

Проблемите не се решаваат веднаш

Премногу често имаме чувство дека од некој проблем мораме да исцрпиме се што можеме и сакаме да го пронајдеме решението во истиот момент. Тоа е погрешен став, изјавила Хеј.

Силна верба дури и кога не се знае резултатот

Вербата е едно од правилата кои Лујза Хеј ги наведува како многу важни за квалитетен живот.

Нема напредок без цврстата верба во сопствената вредност и убавината на животот кои секогаш се погрижуваат да го добиеме токму тоа што ни е потребно ако сме подготвени за тоа.

Без вербата се гушиме во сопственото незадоволство

Хеј тврди дека исклучително важна е волјата за ризикување и стремење кон напредок иако резултатот не ни е познат. Исто така, одржувањето на надежта и верата се клучни за напредокот.

Магнетизмот е одраз на правилната состојба на умот

Лујза Хеј развивала способност за да го привлекува во својот живот она што и е потребно за одржување на правилната состојба на умот. Тоа не е секогаш едноставно бидејќи често сме изложени на најразлични негативни и обесхрабрувачки влијанија.

Неправдата е дел од животот, а умешноста да не и допуштиме да ни го затруе мозокот со горчина е клучниот елемент за среќа.

Ако умот е бистар и смирен дури тогаш нашата харизма може да дојде до израз.

[назад]
Радио МОФ