Минаж од Ким, Ким од Лејди Гага

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 18.03.2017 - 22:42

После настапот на Ники Минаж на концертот на Дрејк во Париз сподели фотографија на инстаграм и ни долови дел од атмосферата во бекстејџот, а таа позира во провокативна комбинација


Станува збор за боди од латек во розова боја која ги истакна сите нејзини атрибути. Оваа комбинација пред две години ја носеше напопуларната старлета Ким Кардашијан. Ким на крајот од 2014 и почетокот на 2015 е видена повеќе пати во оваа латекс креација на Атсуко Кудо.


 

Сепак, парчето латекс во кожа боја Лејди Гага го носеше уште на почетокот на нејзината кариера, а често се враќаше баш на сукњата од ист материјал и боја.