Микаела Шифрин славеше и на слаломската трка

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 29.12.2016 - 20:26

Откако во вторникот и во средата славеше во велеслалом трката, Микаела Шифрин славеше и денес во слалом трката во австрискиот Семеринг.

Изгледа како 21 годишната скијачка да нема воопшто конкуренција, а трката ја извозе со време од 50.74.

Зад неа беа Вероника Велез Зузулова (50.83), Венди Холденер (51.33), Фрида Хансдотир (51.33) и Шарка Страчова (51.42).

Со овој резултат Шифрин е водечка скијачка во вкупната листа, а ова беше четврта нејзина победа во слалом трките оваа сезона.

Младата скијачка има вкупно 698 бодови и води пред Лара Гат (583) и Илка Штухец (495).