Мик Џегер објави две нови песни, „Gotta Get a Grip“ и „England Lost“

Мик Џегер објави две нови песни, „Gotta Get a Grip“ и „England Lost“

Своето мислење за моменталната состојба во која се наоѓа светот популарниот Мик Џегер реши да го искаже на тој начин што напишал и објавил две песни, „Gotta Get a Grip“ и „England Lost“, кои ги нарече аудио-визуелен проект.

– Очигледно дека имаме многу проблеми. Дали сум оптимист во поглед на политиката? Не сум!, изјави 74 годишниот пејач на групата Rolling Stones.

Ги напишал овие две песни во април, но решил да ги објави токму сега со цел да не застарат и да не се случат уште многу други промени, па на тој начин ќе ја изгубат смислата. Инаку, групата работи на нов албум, кој би требало да излезе до крајот на годината.