Мермерните пештери во Чиле се едноставно волшебни!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 17.02.2017 - 15:53

Во езерото Генерал Карера, чија вода ја претставува границата меѓу Чиле и Аргентина, се издига една карпа чија убавина ги обзема сите посетители.

Станува збор за влез во пештери кој е обвиткан во чудесни бои на мермерот, а исто како и секој скапоцен камен, нуди бескрајно изненадување.

Полуостровот се потпира на неколку столбови кои се формирани пред околу 6.000 години, од брановите кои удирале во карпите од калциум-јаглерот, по што се претвориле во психоделични мермерни пештери.

Локалното население ги нарекува уште и космички пештери, бидејќи боите кои се прелеваат потсеќаат на сликите од галаксиите, а многумина го споредуваат ова искуство како гледање на арктичките светлини кои се проектирани на таванот од пештерите.