Мерцедес ја претстави новата луксузна јахта!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 10.11.2016 - 12:59

Компанијата Мерцедес е позната по своите луксузни автомобили, но неодамна одлучи  да направи нешто поинакво, а резултатот ќе ве остави подзинати!

Имено, тие во соработка со компанијата за производство на јахти "Silver Arrows Marine", ја претставија својата прва луксузна јахта "Arrow460-Grandturismo" која чини 1.7 милиони долари!

Дизајнот е совршенство, а наменета е да собере десет луѓе. Интересно е тоа што Мерцедес одлучија да произведат само десет јахти од овој модел, и тоа секоја од нив да биде продадена во различна земја, што ги прави овие јахти неверојатно луксузни, ретки и посакувани.

Навистина изгледаат неверојатно, и чекаме да видиме кои ќе бидат среќните десет сопственици. Погледнете како изгледа одвнатре: