Mercedes-AMG GT R е најбрз автомобил на патеката Нирбургринг

Mercedes-AMG GT R е најбрз автомобил на патеката Нирбургринг

Спортското купе на Mercedes, кое ја носи ознаката GT R, го извозе најбрзото време на патеката Нирбургринг. Тој успеа да го затвори кругот за 10 секунди помалку од претходниот рекорд, што го прави најбрзиот продукциски автомобил со погон преку задната осовина.

Инспириран од тркачката верзија AMG GT3, Mercedes-AMG GT R на најдобар можен начин го покажа својот потенцијал, бидејќи успеа да ја помине славната патека за 7 минути и 10,9 секунди.

Споменатото време е за десет секунди подобро од она на Ferrari 488 GTB и само две секунди полошо од времето кое го оствари силниот Nissan GT-R Nismo, со погон на двете осовини.

Во категорија автомобил со погон на задната осовина, сега Mercedes-AMG GT R изби на првото место пред автомобилите, како што се Dodge Viper ACR (7:12.13) и Lexus LFA Nürburgring Package (7:14.64).

Автомобилот Mercedes-AMG GT R има V8 битурбо мотор кој располага со 585 коњски сили, а зад неговиот волан овој пат седна професионалниот возач Кристијан Гебарт.