Mercedes-AMG го претстави GT C Edition 50

Mercedes-AMG го претстави GT C Edition 50

Оваа година AMG го прославува својот 50-ти јубилеј, па по тој повод ќе имаме можност да погледнеме серија на извонредни автомобили од овој оддел.

Прв во низата е Mercedes-AMG GT C Edition 50, кој е сместен меѓу освежените и подобрени спортски модели AMG GT S и AMG GT R.

GT C Coupe се приклучи на моделот GT C Roadster со кој го дели 4-литарскиот битурбо V8 мотор на AMG, кој во ова издание испорачува 557 КС и 680 Nm обртен момент.

Во однос на везијата GT S, Mercedes-AMG GT C Edition 50 има 57 милиметри поширока трага на задните тркала, пошироки задни гуми и неколку каросериски аеро-детали, како и адаптивна суспензија и управување преку задната осовина.

Овој автомобил до “стотка” пристигнува за само 3,7 секунди. Ќе биде понуден во две бои – сива и бела, а во дел од јубилејниот пакет спаѓаат и посебни алуминиумски тркала и неколку детали во извонредно опремената патничка кабина во која доминираат темните тонови.

Цената на автомобилот сѐ уште не позната, а првите примероци ќе бидат достапни за продажба кон почетокот на летото.