Мел Си и Викторија ја отпеаја "2 Become 1" заедно!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 03.01.2017 - 12:41

Има ли подобар начин да се започне 2017 година отколку со еден од најдобрите ретро-хитови од 1997 година?!

За време на Новогодишната забава на Дејвид и Викторија Бекам на Малдивите, Викторија и нејзината поранешна колешка од женската група Spice Girls, Мелани Чисхолм, позната како Мел Си, направија мини-обединување од соништата!

Why am I not spending New Year's Eve in the Maldives where Melanie C and Victoria Beckham are singing together

A video posted by Mikey Pop (@djmikeypop) on Dec 31, 2016 at 5:33pm PST

 

 

Викторија и Мел Си на сцената заедно ја отпеаја легендарната "2 Become 1" и ги стопија срцата на носталгичните по старите добри 90-ти години, што предизвика лавина од молби за уште некое вакво обединување на Spice Girls. Не е ни чудо, тие што растеа со нивните хитови знаат колку беа омилени овие ѕвезди! :)