Меган Трејнор ги критикуваше слабите девојки,а самата стана една од нив

Меган Трејнор ги критикуваше слабите девојки,а самата стана една од нив

Ја препознавате ли оваа дама од фотографијата? Станува збор за 24-годишната пејачка Меган Трејнор која на музичката сцена е присутна од 2009 година, но светот ја запозна со песната “All About That Bass” од 2013 година кој стана глобален хит.

Русокосата пејачка ги покажа своите одлични вокални способности, а додека дел од публиката ги славел жените во сите големини, дел сметал дека во некои делови од песната, Трејнор ги навредува слабите девојки.

Во еден дел, таа ги нарекува “skinny bitches” односно “слаби к*чки”, што некои жени го сметаат за тотално непримерно, токму како што ни жените со вишок килограми не треба да се нарекуваат “дебели”. Меган  честопати во интервјуата истакнувала дека не планира да се смени поради никој на светот, а тука првенствено мислела на својата телесна градба, односно на слабеењето.Меѓутоа, фотографиите од  Њујорк на кој Трејнор се појавила со својот вереник, уште еднаш покажале дека таа очигледно го променила своето мислење бидејќи пејачката изгледа непрепознатливо.Во бел свилен фустан со деколте, таа уште еднаш покажала дека се променила од самиот почеток, а некои ја искритикувале бидејќи “некогаш плукала по слабите девојки, а сега станува една од нив”.

На крајот од денот е најважно жената да се чувствува добро во сопствената кожа, а едно е сигурно – Меган изгледа одлично и многу заљубено.