Меган Маркл на момент заборави на однесувањето

Меган Маркл ги налути Британците со своето однесување на Божиќната церемонија во Сандрингем. Освен чувањето на протоколот цврсто и со големи напори, таа успеа да го совлада сето она што се очекуваше од неа, американската актерка за момент се исплази кон новинарите и тоа беше крај.

Сите очи се толку вперени во Меган, што таа нема шанса да дише.

Освен што од ден на ден и се соопжтуваат правилата на однесувањето, таа мораше да се откаже од глумата и стилот на облекување … сега, на крајот, а всушност на самиот почетокот, таа е опишана како “невоспитана и проблематична”.

Имено, она што ги разбесни Британците е фотографијата каде Меган го плази јазикот.

Незгодниот момент во кој таа се сврте кон фоторепортерите, веднаш ја подигна прашината на социјалните мрежи, а не изостанаа негативни реакции или коментари.

Претпоставуваме дека Меган ќе успее во нејзиното однесување во иднина да го смири овој гаф, чиј протокол секако не изгледа дека го одобрува.