Меган Маркл ја засени војводката Кејт Мидлтон

Меган Маркл ја засени војводката Кејт Мидлтон

Британското кралско семејство присуствуваше на божиќната миса во црквата Сандригама, а главните ѕвезди беа дефинитивно дамите, Меган Маркл и Кејт Мидлтон.

Американската актерка Меган Маркл, која наскоро ќе стане членка на ова семејство, освои најмногу пофалби за нејзиниот изглед.

Таа се одлучи за модерен капут во крем боја што се врзува на половината, а дозата на шик го постигна со спарување на кафеава шапка со високи чизми и чанта со иста боја.

Кејт Мидлтон избра сосема поинаков изглед, кој се состоеше од ретро-карирано палто со две реда на копчиња и фустан кој остана скриен зад ова парче облека.

Детали како што се шубара и пониски чевли се вклопуваат совршено со нејзината елегантна комбинација.