Меган Маркал сепак е од кралско семејство

Меган Маркал сепак е од кралско семејство

Истражувач на Бостонското историско генеалошко друштво во Нова Англија вели дека свршеницата на британскиот принц Хари, Меган Маркл била директен потомок на англискиот крал Едвард III и дека таа и Хари биле роднини во 17-та генерација.

Едвард III владеел со Англија од 1327 до 1377 година.

Кралските експерти велат дека 36-годишната Меган Марл формално не би била наречена принцеза, бидејќи не била родена во кралското семејство.

Генеалогијата Гери Бојд Робертс вели дека американската актерка со англиска кралска куќа била поврзана преку Вилијам Скипер, кој пристигнал во Бостон во 1639 година. Тој е предок на таткото на Маркла.

Меган Маркл е поврзана со осум американски претседатели и десетици други познати Американци, меѓу кои актерите Џејмс Дин и Рој Роџерс.