Мажите навистина се заљубуваат побрзо од жените!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 21.02.2017 - 19:40

Понекогаш мажите први ги изговараат зборовите "Те сакам" со задна намера, но не судете пребрзо - многу често ова навистина и го мислат!

Според последното истражување објавено во Журналот за Социјална Психологија, мажите навистина се заљубуваат побрзо од жените! Ова не само што го руши митот дека жените се поемотивни и побрзо се "залетуваат", туку и покажува дека се порационални во донесувањето на важните животни одлуки.

Истражувањето било спроведено врз 172 учесници, од кои сите до еден настапиле со ставот дека жените се тие што побрзо се заљубуваат. Но, кога им било поставено прашањето кој прв ги кажал зборовите "Те сакам" во врската, се покажало дека во најголем дел тоа го направиле мажите.

Авторката на ова истражување, Мариса Херисон, ова го објаснува со фактот што жените имаат многу повеќе да изгубат во однос на нивната репродуктивност и време доколку се посветат на погрешен маж, па затоа потсвесно порационално се однесуваат со своите емоции.

Во превод, мажите имаат поголема тенденција да размислуваат од ден за ден и да се водат според моменталното расположение, додека жените размислуваат и планираат на долг рок.